Трајковски рече дека Симоновска не можела да види дека демонстрантот си ги покажува гениталиите, Бубевски рече дека не ни сакала

by Fokus 13:22
13:22

Испрашувањето врз професорката Цветанка Ивановска продолжи со поставување прашања од обвинетиот Александар Трајковски, советник на ВМРО ДПМНЕ во Општина Гази Баба.

Тој се наврати на исказот на Симоновска дека демонстрант ги соблекол панталоните и за време на протестите ги покажувал гениталиите. Трајковски презентираше до судот фотографија од демонстрантот за време на протестот. Како што рече тој, Симоновска не можела од својата позиција да ги види неговите гениталии.

- Advertisements -

На тоа приговараше обвинителот Гаврил Бубевски велејќи дека Симоновска не видела затоа што не сакала да види, по што судот го прифати приговорот.

Трајковски прво спореше дека предлагач на точката за ДУП-овите не било граѓанското здружение Плоштад Слобода, туку претседавачот Мирослав Шиповиќ. Симоновска рече дека тој е овластен предлагач на дневниот ред затоа што претседавал со Советот.

Потоа Трајковски ја спореше изградбата на црквата Св Константин и Елена, барајќи да се има увид во градежната книга и да се земе исказ од надзорот.

Бубевски на тоа приговараше дека тоа е ирелевантно затоа што во овој предмет се суди за насилство во Општината. Судот го прифати приговорот.

Следен што ќе сведочи е советничката на СДСМ Билјана Чурилова која беше повредена за време на протестите.

М.В.

Поврзани новости