Лустрирањето на Јадранка Костова, уредничката на „Фокус“, е изведено според законот. Вака, претседателот на комисијата за лустрација, Томе Аџиев ги убедувал преставниците на Новинарскиот пленум кои денеска се сретнаа со него. Тој не покажал никакво разбирање за специфичностите на новинарската професија и ја убедувал делегацијата на Новинарскиот пленум, дека се е соогласно законот. Во меѓувреме, новинарите протестираа пред зградата на МТВ, во која е сместена и Комисијата за верификација на фактите.
– За нас во Лустрациската комисија средбата беше без никакво изненадување. Се е според законот, вели Томе Аџиев. На сите наши прашања дали воопшто ја разбираат суптилноста во новинарската професија и што тоа во нивните докази во Државниот архив може да биде заведено од комуникациите на новинарите поради суптилноста на работите, со различни сфери на интересирања, одговор за господин Аџиев е се е според законот, имавме факти иако одлуката е донесена со надгласување. Станува збор за уште еден удар врз неделникот „Фокус“, но и за обид да се дискредитира емисијата „Без наслов, но со повод“, што е најдобар политички производ на МТВ во 90-тите години – истакна Оливера Трајковска, член на Новинарскиот пленум.
Во делегацијата на новинарите беа и Борјан Јовановски и Драган Антоновски.
Комисија за верификација на нарачките“, „Фрустрациска комисија“, „Новинарсвото во ендек“, „ФРИДОМ ХАОС“… – ова беа најзабележителните транспаренти што ги носеа новинарите, кои протестираат против најавено лустрирање на новинари.
Се споменуваат неколку новинари, кои критички ја опсервираат работата на власта, кои треба да бидат лустрирани.