Претседателот на Собранието Трајко Велјаноски денеска, на средбата со новинарите, посака опозицијата да се врати и како што вети ќе направел сѐ што е во негова моќа тоа да се случи.
Според него Собранието со двотретинско мнозинство може да им го одземе мандатот на опозициските пратеници доколку во наредните шест месеци не доаѓаат на работа и не поднесат оставки. Во случај да поднесат оставки, тој има должност само да ја извести ДИК.
СДСМ пак најави тужба пред Управниот суд поради за, според нив, нелегалната верификација на мандатите.
Партијата реагираше за случајот со Софија Куновска која беше на листата на кандидати во СДСМ, а е и советник во Градот Скопје. Куновска не го прифати мандатот, но сепак ѝ беше верификуван и на следната седница на Советот на Град Скопје ќе се бара одземање на советничкиот мандат поради неспоивост со функцијата пратеник.