Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелно услуги (ААВМУ), Зоран Трајчевски, денеска ги отфрли обвиненијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, како и барањето да си поднесе оставка од раководната позиција.
– Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги работи во согласност со законите и не постои притисок врз медиумите. Не планирам да поднесам оставка на барање на лидер на политичка партија – изјави Трајчевски за „Мета“.
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во синоќешното обраќање по вториот круг од локалните избори, рече дека не ги признава резултатите и оти бара одржување на предвремени парламентарни избори според пржинскиот модел. Тој, исто така, побара и смена на директорот на ААВМУ, поради тоа што агенцијата не реагирала на притисоците што се вршеле врз медиумите за време на изборната кампања.