Таравари се збуни и граѓаните ги нарече пациенти

by fokus

Новоизбраниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари денеска давајќи изјава се збуни, најверојтно навикнат на досегашната функција министер за здравство, граѓаните ги нарече пациенти, па веднаш се поправи.

Тој лапсусот го направи додека објаснуваше дека и во општина ќе воведе телефонска линија за контакт со градоначалникот по истиот терк на „Здраво Таравари“ додека беше министер.

-Линијата за контакт ќе биде за директно да ги слушнеме проблемите на пациентите… граѓаните, рече Таравари.

Поврзани новости