469
Имам притисоци од повеќе страни, потврди за „Мета“ директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), Зоран Трајчевски, на прашањето дали политичките партии се обидуваат да влијаат врз него.
– Имам притисоци од повеќе страни, но нема да подлегнеме и ќе работиме професионално и транспарентно како и досега – вели тој.
Ад хок телото за назор на медиумите со три гласа „за“ и со еден „против“ во петокот одлучи ААВМУ да поведе прекршочна постапка против телевизите „Нова“ и „Сител“ за неизбалансираност во известувањето.