После седум месеци, Уставниот суд конечно ќе одлучува за помилувањатa на Иванов

by fokus

Уставниот суд во среда закажа седница на чиј дневен ред ќе се најде Иницијативата за оценување на уставноста на одлуките за помилување – ослободување од гонење без спроведување, кои претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ги донесе на 12 април оваа година.

Иницијативната беше поднесена веднаш по донесувањето на одлуката на Иванов, односно пред седум месеци.

По одлуката следуваа масовни протести на Шарената револуција, а голем дел од граѓаните беа револтирани и гневни. Во периодот кога беше донесена оваа одлука  беа прекинати сите предистражни и истражни постапки што ги отвори Специјалното јавно обвинителство, а кои се однесуваа на лица опфатени со помилувањето.

Поврзани новости