Трајановски не го повикал Жерновски на состанок, а зборувал за штрајкот на СОНК во Центар

by Фокус

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, воопшто не бил информиран за одржувањето на координативен состанок на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, со градоначалниците на скопските општини, а  во врска со најавениот штрајк на СОНК, и затоа е изненаден од крајно тенденциозната изјава за неговото неприсуство.

„Повеќе од јасно е дека изјавата на  Трајановски, како и самата средба, се со партиско-политичка позадина. Градоначалникот Жерновски и општина Центар остануваат доследни на принципот за немешање на  политиката во образованието.  Токму поради тоа, на директорите, наставниците и воспитувачите, им е оставено сами да одлучат дали ќе го поддржат штрајкот на СОНК“- се вели во реакцијата на општина Центар.

Претходно Трајановски соопшти дека сите скопски општини се изјасниле оти нема да штрајкуваат, но изгледа не било така. Трајановски, за да влијае врз штрајкот објави дека се подготвени заменските наставници кои ќе држат настава.

Поврзани новости