Трајановски ќе чека гасификација на Скопје за да се реши загадувањето

by fokus

Коце Трајановски денеска одржа средба со остнататите градоначалници од Скопје на која разговараа за можни решенија и мерки за проблемот со енормното загадување.

Градоначалниците упатија апел до БЕГ за намалување на цената за греењето, субвенционирање на топловодна мрежа во зградите со топлотна енергија, субвенционирање за купување на велосипеди и забрана за користење на јаглен и било какви производи од дрво за греење.

Трајановски изјави дека се надева дека со новата Влада ќе биде конечно објавен тендер за гасификација на Скопје бидејќи како што рече, првиот тендер пропаднал.

Поврзани новости