465
Ја испровоцираа масата кога нелегално избраа претседател на Собранието, па сега апсат обични граѓани, акетери, режисери, рече на денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ, поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски.
-Нивната вина е што ја сакаат Македонија. Лани „Шарените“ финансирани од сомнителни извори демолираа јавни институции, го малтретираа народот, држеа говори на омараза. Сепак и покрај тоа ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите, рече Трајановски.