530
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, денеска заклучи дека во Стајковци водата и калта од домовите и дворовите во најголем дел се исчистени, речиси целата уништена покуќнина и градежниот шут се извадени од домовите и се транспортираат до привремената депонија кај клучката на обиколницата.
Тие синоќа направија увид во Стајковци каде екипи на јавните претпријатија на Градот Скопје и Противпожарната бригада работат на нормализирање на состојбите по поплавите од 6-ти август.
Од Град Скопје информираа и дека од минатата недела е почната реконструкција на сите улици и патишта кои беа оштетени од поплавата.