Трајанов со нов предлог законски измени кои ги бараше СЈО, но по редовна постапка

by fokus

Пратеникот Павле Трајанов денеска соопшти дека ќе поднесе нов Предлог-закон за измени на Законот за Специјалното јавно обвинителство и на Законот за заштитени сведоци, но по редовна постапка. На вчерашнато гласање за овие измени кои ги бараше СЈО, Трајанов не присуствуваше.

-Денеска ќе предложам измени на двата закона кои вчера не поминаа во Собранието. Сметам дека на овој начин се отвора поголема можност за расправа и за аргументирана дебата меѓу пратениците. Прво ќе се разговара во собраниските комисии, а потоа и на седница на Собранието, изјави Трајанов.

Предлозите за измена на овие два закони кои ги бараше СЈО, а во Парламентот ги поднесе СДСМ, вчера не поминаа со 36 гласа „за“ и 54 гласа „против“.

Поврзани новости