– Во 91/92 заедно спасивме 12.000 млади регрути да заминат на туѓ фронт, ги обезбедивме границите, остваривме ефективна контрола над целата територија на Македонија, ја принудивме ЈНА да си замине и несебично се вградивме во изградбата на самостојна и независна Македонија – истакна Трајанов.
Тој упати апел дека сега повторно е време за храбри луѓе и храбри одлуки и затоа повикува да се овожможат сите услови за фер, демократски и кредибилни избори.
– Бидете со народот, бидете со нас, за после 11-ти декември да обезбедиме стабилност, за да се врати мирот и спокојството во секој дом, во секое е семејство. Само со промена на власта ќе се отворат перспективи за да младите останат овде во Македонија. Граѓаните се под притисок на власта, не се чувствуват безбедни, постои неизвесност и стравување за иднината на државата. Ајде приклучете ни се и да ги испратиме криминалците каде што им е место – додаде Трајанов.