Трајанов: Помалите партии не се вклучени во Владата

by Fokus

Павле Трајанов од Демократскиот сојуз во емисијата 24 анализа потенцираше дека долго време сме без влада и долго траеше процесот со локалните иzбори. Добро е да има влада, зошто треба да функционира со целиот капацитет.

– Ние сме во тешка состојба и пандемијата е еден од проблемите во државата. Да имаше можност да се направи поширока влада помеѓу двете водечки партии, немаше да имаме ваков состав кој етнички е неизбалансиран. Партиите ги предлагаат и регрутираат министрите и не очекувам сите подеднакво да бидат вклучени. За мене е клучно наредниот период да се анализира работата и на претседателот на Владата и на сите министри одделно и на тој начин ќе има зголемена динамика во одредени ресори. Помалите партии не се вклучени во Владата – рече Трајанов.

Поврзани новости