Трајанов: Ова е одлука да се биде или не!

by fokus 22:55
22:55

Коалицијата за промени и правда вечерва во општина Карпош, на последниот митинг пред крајот на кампањата, ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање и да одберат нов почеток.

-На 11 декември носите клучна одлука, тоа е одлука “да се биде или не”. Загрозена е иднината на Македонија. Соочени сме со сериозни предизвици. Oд сите нас се очекува да преземеме дел од одговорноста. –  порача претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов кој е носител на кандидатската листа за пратеници во првата изборна единица.

- Advertisements -

Тој рече дека дојде време за отчетност и одговорност и дека изорите ќе донесат промени во власта.

– Најавуваме еднакви бизнис-услови, поголема минимална плата, проекти за младите, реформи во судскиот систем, влез во НАТО и ЕУ, реформи во образованието и укинување на екстерното тестирање, конфискација на криминално стекнатиот имот и одговорност, рече Трајанов.

Поврзани новости