Трајанов оди со СДСМ на локалните избори

by fokus

Демократскиот сојуз на Павле Трајанов вчера донел одлука на претстојните локални избори да настапи заедно со СДСМ, соопштија од партијата.

„Еден од главните мотиви е заштитата на националните и стратешките интереси на централно и локално ниво, како и имплементација на европските вредности“, велат од ДС, додавајќи дека приоритетите за развој на општините ќе бидат дел од заедничката изборна програма со СДСМ.

Од таму истакнуваат дека борбата против урбаната мафија и загадувачите на воздух, воведување ред во работата на угостителските објекти и гласната музика, донесување на детални урбанистички планови, формирање урбана полиција, средување на сообраќајниот хаос, изградба на катни гаражи, се само дел од приоритетите на партијата.

Поврзани новости