Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов во изјава за „Фокус“ го искоментира предлогот на претседателот Стево Пендаровски даден во интервјуто за „Фокус“ во врска со референдумот најавуван од опозицијата.
Трајанов, сепак не е сигурен дека Пендаровски сериозно размислува за одржување на еден ваков референдум.
-Не сум сигурен дека Пендаровски сериозно размислува за одржување на референдум во врска со Францускиот предлог и евроинтеграциските процеси во целина, бидејќи референдум со такво прашање ќе предизвика натамошни конфронтации, поделби и истиот ќе биде неуспешен, вели Трајанов.
Во однос на прашањето дали неговата партија би поддржала одржување на референдум, тој вели дека има сериозни резерви.
Имам сериозни резерви околу одржување на референдум и пред да се дефинира целта, односно ефектите од истиот,мислам дека е многу рано да се изјаснуваме, заклучува Трајанов.
Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за најновиот број на неделникот „Фокус“, дава предлог како да гласи референдумското прашање доколку се одржи референдумот што го најавува опозицијата по усвојувањето на „францускиот предлог“.
Целото интервју прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.
К.С.Б.