Трајанов: Не се пазарам за ново парламентарно мнозинство

by fokus

Мојот став е принципиелен и познат, не поддржувам трансфер на пратеници и не учествувам во никакви пазарења за ново парламентарно мнозинство или проширување на постојното, реагира лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека во коалицијата предводена од СДСМ сите се незадоволни и дека тоа му го кажале во разговор со него.

-Жалам што досега двете најголеми партии не можат да изградат заеднички став околу круцијалните државни интереси, вклучително и за евроинтеграциските процеси.Во услови кога има сериозни сигнали дека наскоро ќе започнат преговорите за полноправно членство на Македонија во ЕУ, најмалку ни е потребна политичка криза и нестабилност на државата, вели Трајанов.

Инаку вчера премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев имаше средба со своите коалициски партнери за да ги информира за договорот со Алтернатива. Според информациите од средбата, имало жестока дебата за најавата за воведување на нови министерства без ресор кои се споменуваат за задоволување на останатите партнери во владата, откако Алтернатива доби три министерски места.

Поврзани новости