Деспотовски: Не сум колекционер на функционерски поддршки

by fokus

Не сум колекционер на функционерски поддршки, ниту тоа треба да биде приоритет сега.

Ова е одговорот на кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски на прашањето на „Фокус“ дали досега добил поддршка од некои сегашни или поранешни функционери на партијата.

Луѓето се подеднакво важни, без разлика на моменталната позиција што ја имаат. И токму тоа е едно од главните одбележја на #Концепт 28. Местото Претседател на СДСМ бара квалитет, концепт и резултати. Луѓето тоа го препознаваат. Деновиве многумина ми пристапија директно. На улица, во маркет, на телефон и по социјалните мрежи. Таквата поддршка значи навистина многу, вели Деспотовски за „Фокус“.

Тој додава дека роковите се куси, а нивната цел е програмата насловена „Концепт 28“ да стигне до што е можно повеќе луѓе.

Ги користиме сите современи алатки за да успееме во тоа. Токму на барање на многумина наши членови, но и поддржувачи, организираме посебна, голема презентација на Концепт 28. Датумот и локацијата, како и можноста за следење на социјалните мрежи ќе ја најавиме во текот на денешниот ден, рече Деспотовски.

К.С.Б.

Поврзани новости