Внатрешната истрага во Македонски телеком, кој е дел од германската групација Дојче Телеком, а малцински сопственик е македонската влада, покажала дека прислушувањето било инцирано од Министерството за внатрешни работи, вели пратеникот и поранешен прв човек на МВР, Павле Трајанов.
– Системот за прислушување е така поставен што бројот се внесува во Управата за безбедност и контраразузнавање при МВР, додека тој само се регистрира во системот на операторот, кој не го интересира дали лицето кое е предмет на прислушување е законски или незаконски, бидејќи законот не предвидува одговорност за операторот. Негова должност е само да набави систем компатибилен со оној на МВР, но може да провери од која адреса било иницирано прислушувањето. Истрагата во Македонски телеком покажала дека броевите биле внесени од МВР – изјави за Фокус Трајанов.
Откако опозицискиот лидер Зоран Заев почна да ги објавува прислушуваните разговори во рамки на проектот „Вистината за Македонија“, Телеком, по налог на мнозинскиот акционер Маѓар Телеком, кој е пак е дел од групацијата Дојле телеком, започна внатрешна истрага со надворешни експерти. До МТ испративме прашања дали која фаза е истрагата и дали, доколку е завршената како што вели Трајанов, покажала дека прислушуваните броеви биле внесени преку МВР. Се уште чекаме одговор…