Дел од коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ бараат цела држава да биде една изборна единица.
Демократскиот сојуз на Павле Трајанов до сите политички партии достави проект со предлод за пропорционален изборен модел, со отворени листи и без изборен праг.
„Македонија да биде една изборна единица, со што во голема мера ќе се намалат можностите за кршење на изборните правила, а составот на Парламентот ќе биде реален одраз на волјата на граѓаните“, сметаат од ДС,
И ДОМ на Лиле Поповска се согласува Македонија да биде една изборна единица, со тоа што од таму сметаат дека на изборните листи соодносот меѓу мажи и жени треба да биде пола-пола.
– Ова е главна поента на кампањата на Форумот на жени на ДОМ, започната на 8 март годинава. Истовремено, ова е и заложба на Обединетите нации, како препорака до сите земји, за да се постигне родова рамноправност“, соопштија од ДОМ.