Барање: Заев да ги објави прислушуваните разговори за случајот „Монструм“

by Фокус 11:43
11:43

Организациониот Совет „Правда за затворениците на случајот „МОНСТРУМ“ побара од Заев јавно да ги обелодени сите прислушувани материјали поврзани со случајот „Монструм. Еве што стои во барањето:

„Засегнати лично, семејно, но и национално како Албанци од овој случај, нашата надеж беше во државните институции и органи, каде ние сме претставени од многу службеници Албанци, но за жал до денеска немаме ни пола збор и надеж за споменатиот случај. Длабоко сме убедени дека ова е еден целосно монтиран случај и дека најмалку има врска со оние кои денеска се осудени со доживотен затвор внатре затворските ќелии, како и сме сведоци дека криминалните сценарија на оваа влада цел народ држат заробен и осуден со доживотен затвор.

Убедени дека таму каде што не функционира правдата, преовладува несигурноста, но со надеж дека вистината некогаш ќе излезе на виделина, ние Ви се обраќаме со барање од прислушувањата кои ги поседувате да излезе и оваа вистина, за што сме исклучително вознемирени и заинтересирани. Ние сме убедени дека и информациите во врска со случајот МОНСТРУМ треба да бидат дел од разговорите што се објавуваат, кои се водени од државните службеници, за кои ние сметаме дека ги монтирале овие случаи.

- Advertising -

Така, последната надеж за семејствата  на убиените деца во Смилковското Езеро и ние членовите на семејствата на осудените со доживотен затвор, за да најдеме утеха во нашите убиени и повредени души, лежи во објавувањето на материјалите кои вие треба да ги поседувате.

Наспроти целото ова криминализирање на државата, веруваме дека постојат сили, кои се изморени од јазикот на национализмот, дискриминацијата, патењето и сите други труења засадени низ декадите во овие простори каде живееме и делуваме.

Затоа, силно ја подржуваме храброста на СДСМ за јавна презентација на прислушувањата, и ги охрабруваме да и овој монтиран случај се демонтира, да излезе на виделина вистината за случајот, да се демаскираат вистинските криминалци и да се спасат оние кои се жртви на нивните зла.

Доколку СДСМ успее да го спаси овој народ од криминалните канџи, тогаш можеме да веруваме дека утре, со воспоставувањето на редот, обезбедувајќи целосна слобода за граѓанинот, гарантирајќи им на граѓаните ист третман врз основа на уставот и законите, ќе можеме да ја интегрираме државата во евроатланските структури и ЕУ, таму каде што ѝ е местото и каде се стреми секој граѓанин свесен за општото добро“, пишува организациониот Совет „Правда за затворениците на случајот МОНСТРУМ“

Поврзани новости