Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, денеска беше на средба со специјалниот пратеник на Германија, Јоханес Хајндл, со кого разговарале за актуелните случувања на политичката сцена, како и за можните решенија за излез од кризата.
Меѓу опциите што Трајанов ги предложил биле: формирање експертска Влада, реформи на изборни правила, професионализација на ДИК, пропорционален изборен модел и сл.
Целокупниот преговарачки процес да биде транспарентен и во него да се вклучат сите партии, како и граѓанскиот сектор и медиумите.
Трајанов барал создавање услови за СЈО непречено да работи и да се формира посебно судско одделение кое ќе постапува по нивните предмети.
Тој предложил и реформи во правосудниот систем преку рекомпонирање на Судскиот совет и реформи на безбедносниот систем преку издвојување на УБК.
Трајанов предложил да продолжат постапките против сите кои ги аболираше Ѓорге Иванов, преку повлекување на аболицијата и мораториум на нивното политичко дејствување и извршување на државни функции.
На крајот, претседателот на Демократксиот сојуз, порачал дека избори можат да се организираат само по спроведување на реформите и создавање на услови за фер натпревар.