Пратеникот и лидер на владејачкиот Демократски сојуз, Павле Трајанов, писмено побара од претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, да закаже собраниска седница за моменталната политичка ситуација.
“Во последниот месец се презентирани бројни информации, аудио и видеоснимки, како и други материјали за кршење на основните човекови права, за кршење на Уставот и на законите, како и за злоупотреба на системите за прислушување. Собранието има законска обврска да расправа за актуелната состојба. Потребно е да се направат напори да се оформат и собраниските комисии за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Комисијата за надзор над спроведувањето на посебните истражни мерки, кои сега не функционираат“, стои во писмото на Трајанов до Велјаноски.