Есма: Срам ми е да ја сретнам министерката Јанкулоска

by Фокус

Кралицата на ромската песна Есма Реџепова – Теодосиевска вели дека не е сигурна, дали аферата со прислушувањето е вистина или не, но ако е вистина, тогаш е згрозена од она што го чула, а посебно од делот на наводно прислушуваниот муабет на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, кога таа вели дека Циганите, за уши, еден по еден ќе ги носи да гласаат, пренесува „Вест“.

– Срамно е. Јас многу се срамам од таа нејзина изјава и срам ми е да ја сретнам министерката Јанкулоска. Јас сум достоинствена жена, и кога би се сретнала со неа, не знам како би реагирала, освен што место неа, јас би се засрамила. Иако, искрено, сè уште не сум сигурна дали прислушувањето е вистина или не е. Бев отсутна од земјава и не знам што се случувало. Ако се потврди дека е вистина, тогаш тоа е голем минус за министерката. Кој може некого да го фати за уши и со сила да го натера нешто да направи. Тоа не е убаво –  вели Есма.

Таа во моментот е советничка во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости