Лидерот на Демократкси сојуз, Павле Трајанов, бара укинување на моделот на финансирање на политичките партии од државниот буџет. Во изјава за Фокус, тој вели дека со финансирање на редовните и изборните активности на партиите и на партиските институти, се одлеваат милионски суми евра, при што, според него, се фаворизираат големите партии.
-Со финансирање на партиите се јакне партизацијата на државата, на штета на развој и јакнење на демократските институции. Не се потребни огромни згради за седиштата на партиите, седишта по општините и сл., потоа огромен број на членови кои не од идеолошко- програмски причини, туку само за вработување, функции и бизнис (тендери) се вклучуваат во партиите итн. Доколку не се трошат пари за партиите, ќе се намали партизацијата на државата ќе се создадат еднакви шанси за сите, како и услови за формирање на нови партии – вели Трајанов.
Тој посочува дека анализите покажуваат оти таму каде партиите се финансираат од своите членови се многу подемократски во споредба со оние што се финансираат од буџетот.