Приведен скопјанец во село Марино

by fokus

Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје, по претходнo добиена судска нареба, изврши претрес во домот на А.С.(39) во с.Марино и притоа биле пронајдени и одземени: една ловна пушка марка „BAIKAL“ Mod.IŽ-58, кал.16GA, едно огнено оружје „Zastava Europe“ Mod.M-70, кал. 9мм, две рамки за пиштол, 29 куршуми и  16 ловни патрони, за кои А.С. не поседувал дозвола.

Исто така, пронајдена е и една ловна пушка „BAIKAL“ Mod. MP-153, кал.12GAх3 и 41 ловен патрон, за коишто лицето поседувало дозвола за оружје. По ова А.С. бил лишен од слобода, а во врска со настанот бил известен Јавен обвинител, од кого се добиени насоки лицето да се задржи за понатамошна постапка. Предметите со наредба од обвинител ќе бидат предадени на вештачење.

Поврзани новости