Трајанов: Ако никој не поднесе пратенички листи, Собранието ќе продолжи со работа

by Фокус 12:11
12:11

Ако ниедна партија не поднесе кандидатски листи за пратеници за изборите на 5 јуни, Државната изборна комисија ќе констатира дека нема услови за одржување на избори и ќе треба повторно да се свика Собранието за да продолжи да работи до одржувањето на изборите, смета лидерот на ДС, Павле Трајанов.

– Но, ако некој сепак реши да поднесе листа, тогаш се влегува во политичка авантура чија цена ќе треба да ја платат тие што ќе решат да ги поднесат листите. Повеќе од јасно е дека услови за избори на 5 јуни нема и тоа е ставот на поголем број од граѓаните – вели Трајанов.

- Advertising -

Поврзани новости