ДУИ нема да поднесе пратенички листи

by Фокус 11:51
11:51

Албанската владејачка ДУИ дефинитивно нема да учествува на изборите на 5 јуни.

Како што потврди партискиот портпарол Бујар Османи, „интегративците“ нема да поднесат пратенички кандидатски листи до Државната изборна комисија до полнок, кога истекува законски предвидениот рок.

Претходно, оваа партија заедно со ДПА и СДСМ не го испочитуваа ниту рокот да предложат членови за избирачките одбори, а тоа го стори само ВМРО-ДПМНЕ.

Досега, само Народното движење за Македонија на Јанко Бачев најави дека ќе поднесе листи за кандидати и дека ќе учествуваат на изборите.

Поврзани новости