517
Ако ниедна партија не поднесе кандидатски листи за пратеници за изборите на 5 јуни, Државната изборна комисија ќе констатира дека нема услови за одржување на избори и ќе треба повторно да се свика Собранието за да продолжи да работи до одржувањето на изборите, смета лидерот на ДС, Павле Трајанов.
– Но, ако некој сепак реши да поднесе листа, тогаш се влегува во политичка авантура чија цена ќе треба да ја платат тие што ќе решат да ги поднесат листите. Повеќе од јасно е дека услови за избори на 5 јуни нема и тоа е ставот на поголем број од граѓаните – вели Трајанов.