Демократскиот сојуз оцени дека се работи постои контролирана политичка криза од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, која, според партијата на Павле Трајанов, може да излезе од контрола и да се случи дестабилизација на државата од пошироки размери, со можни тешки и неизвесни последици.
„Таканаречената албанска платформа се користи за поттикнување на национализам и нарушување на соживотот во Македонија, како и за интеретнички конфликти. Затоа, сите партии, експерти и новинари, да се повлечат од оваа декларација и да престанат да ја експлоатираат, а за сите прашања да се отвори демократска и аргументирана расправа и обезбеди граѓански и политички консензус при нивното решавање“, апелираат од ДС.
Од таму сметаат дека промената на власта е логична и потребна, бидејќи за тоа се определија над 700 илјади граѓани од сите етнички заедници, а пролонгирањето на промените и натаму ќе ја усложнуваат состојбата.