Притвор за 6 лица поради трговија со дрога, двајца осомничени во бегство

by Фокус 16:01
16:01

Надлежен јавен обвинител побарал притвор за 5 лица и куќен притвор за едно лице по вчерашната акција на Министерството за внатрешни работи за сузбивање криминална група која продавала наркотици, по која беше поднесена кривична пријава против 8 лица од Прилеп, Битола и Арачиново, соопшти денеска Јавно обвинителство.

Од обвинителството велат дека лицата се товарат дека за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции, а на еден од осомничените му се става на товар и дека сторил кривично дело – перење пари и други приноси.

Во соопштението уште се наведува дека двајца од осомничените не се достапни на органите на прогонот.

 

Поврзани новости