Трагедијата во Бугарија зацрни 13 семејства

by Fokus

Љуљзим Сулејмани од Прешево е единствениот српски државјанин кој бил во автобусот на смртта, но е меѓу седумте преживеани. Преживеа и неговата свршеница од Куманово, 25 годишната Медина Лутфи. И двајцата се во болница во Софија и се во добра здравствена состојба.

Преживеани се и 16 годишната Зулехја Јашаровска, 49 годишната Ѓила Јашаровска, 50 годишниот Минир Јашаровски, 49 годишниот Ебиб Пајазитовски и 46 годишниот Орхан Алити, државјанин на Белгија.

Ова е најлошата несреќа, во последната деценија во Европа, во која починаа 45 наши сограѓани, зацрни 13 семејства, а 7-мина преживеаја.

СКОКНИ ВИСАР СКОКНИ“, СВЕДОЧИ ТАТКОТО КОЈ СЕ СПАСИЛ, НО ГО ИЗГУБИЛ СИНОТ

Орхан Алити е еден од преживеаните во вчерашната несреќа која се случи во Бугарија. Неговиот брат за медиумите собра сили да ги раскаже тешките моменти од несреќата.

Орхан заедно со преживеаниот државјанин на Србија, Љуљзим Сулејмани го скршиле задното стакло од автобусот, помагајќи и им на останатите шест лица да спасат жива глава.

Најтрагичниот момент се случил кога татка си го повикувал синот да скокне од автобусот.

Самиот Орхан, кога скокнал од автобусот, ја скршил својата нога. А, неговиот син Висар се уште бил во автобусот. Орхан почнал да извикува „Скокни, Висар, скокни“. Но, за жал момчето исчезнало во пламенот.

ПОМИНАЛ АВТОМОБИЛ НА ПАТОТ И НЕ ЗАСТАНАЛ

Само неколку моменти по фаталната несреќа, Орхан се јавил на сопругата за да раскаже со што се соочил.

Алити пријавил дека автобусот се запалил, додека самиот со голема мака успеал да ги скрши задните стакла на автобусот и да излезе надвор, изјави неговиот брат Самет Алити.

Приказната на Орхан открива уште еден детал – во моментот кога тој излегол од запалениот автобус, за малку ќе го однел автомобил кој минувал на автопатот, кој не застанал и покрај очигледната трагедија што се случувала во тој момент.

Моментално, состојбата на Орхан е стабилна, а како што изјави брат му, таткото се уште не знаел дека меѓу жртвите бил и неговиот син Висар.

ЗУЛЕЈХА Е ДОБРО, САМО РАЦЕТЕ И СЕ ИЗГОРЕНИ

Трагедијата ја преживеала и 16-годишната Зулејха.

Нејзиниот татко Аднан Јашаровски изјави за Би-Би-Си дека неговата ќерка се јавила да му каже дека ја преживеала бруталната несреќа.

Сега тој е во Софија за да ја посети неговата ќерка во болницата.

-Плачеше. Само рацете и се изгорени, но инаку е добро. Не кажа многу, плачеше и беше во шок, изјави тој во болницата.

ИЗГОРЕ ЦЕЛО СЕМЕЈСТВО ОД СКОПЈЕ-СЕВЕР

„Ми изгоре цело семејство”, изјави член на семејството Јахи од Скопје-Север кој во трагедијата во Бугарија изгуби 10 члена заедно со членови на семејство Мухаџери со кои се во роднинска врска.

Од семејството изјавија дека нивните роднини заминале на туристичко патување во Истанбул, и како што велат заминале на „пат за да не се вратат никогаш”.

ПОСЛЕДНА ПРОШЕТКА ЗА БЛИЗНАЦИТЕ АХМЕТИ И ПЕТ УЧЕНИЦИ

Пред само еден ден, уживаа во убавините на Истанбул. Последната фотографија на четиригодишните близнаци Луан и Албан Ахмети, нивните родители ја објавиле синоќа, пред да тргнат на кобниот пат.

Смртта ги затекна во прегратките на мајка им, која безуспешно се обидувала да ги спаси од огнот и да излезе нив влезната врата од запалениот автобус. Луан и Албан се најмладите жртви во страотната сообраќајка, во која прерано згаснаа 45 млади животи.

Кусата оддишка од училишните обврски заврши кобно и за петмина ученици. Вчера молкна ѕвончето во основното училиште „Исмаил Ќемали“ во скопски Чаир. Сите од иста фамилија, загинаа во запалениот  автобус.

СТУДЕНИЧАНИ ЗАГУБИ ЧЕТВОРИЦА ЖИТЕЛИ

А по факултетските ходници никогаш повеќе нема да чекори студентката Албена Белули. Во петокот во Истанбул ја славеше веридбата и  дваесет и седмиот роденден на Газменд Укали од Кичево, вработен во кабинетот на кичевскиот градоначалник.

Студеничани загуби четворица сожители. Мајката и учителка Фикрије Исени, ја однела својата ќерка Аниса на заедничко патување. Но, наместо незаборавни спомени, донесоа тага во семејството.

Меѓу жртвите се и 21-годишната Јехона Сали и 27 годишната Сумеја Брава. Роднините бараат одговори и за 54-годишниот Ибрахим Рустеми и неговата сопруга Февзије.

54 годишниот  Мемеди Кадри е еден од возачите на автобусот. Но, не се знае дали во моментот на несреќата тој бил зад воланот или неговиот колега Љупчо Зафиров на нивната последна рута во која и двајцата загинаа.

Поврзани новости