Османи: Се уште не можеме да кажеме кој загинал со име и презиме

by fokus

По цел ден ќе бидам со семејствата, но официјално нема да можам да им потврдам дека ако член на нивното семејство, по име и презиме е меѓу лицата кои ги загубија животите во трагичната несреќа во Бугарија.

Ова го изјави министерот Бујар Османи за ТВ21 за тоа зошто нема информации за тоа кој се загинатите лица во несреќата.

Тој вели дека официјалните информации за тоа кои лица се починати во страшната сообраќајна несреќа ќе бидат познати откако ќе се изврши идентификација на лицата преку ДНК анализа.

-Тука има недоразбирање дека немало кој да даде информација. Не можеме да ги обезбедиме информациите што тие ги бараат. Роднините бараат потврда за нивните блиски дали се дел од починатите лица. Не можеме да направиме такво нешто. Вчера се обидов индиректно, лично контактирав со семејствата велејќи им дека не се во болница, индиректно ако не се во болница значи се од починатите. Но, без идентификација во судска медицина, со ДНК, не може да се направи визуелна идентификација. Јас како функционер не можам да им потврдам на членовите на семејството дека нивниот член по име и презиме е еден од загинатите и тоа е погрешно разбрано, објаснува Османи.

Поврзани новости