Трагедија во Струга: Работник паднал од покрив на објект и починал

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден, во Струга се случила несреќа, откако 48-годишен работник паднал од покрив на фирма во индустриска зона, при што починал.

„На 27.07.2019 година околу 14,50 часот во Струга пријавено е дека од покрив на објект сопственост на приватна фирма што се наоѓа во индустриската зона на магистралниот пат Струга – Ќафасан,  од висина од околу 8,5 метри паднал работникот В. С. (48) од Скопје и починал. Увид на лице место извршила увидна екипа од  Струга, а од страна на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција“, додаваат од МВР.

Поврзани новости