Осум човечки тела се пронајдени во куќа која изгорела во предградието на американскиот град Тулса, Оклахома, а полицијата го истражува случајот како можно убиство или самоубиство. Меѓу загинатите има и четири деца, како и двајца возрасни кои се сметаат за осомничени, соопштија властите.
Началникот на полицијата Брендон Берихил изјави дека децата биле на возраст од една до 13 години, но не ги идентификуваше ниту ги објасни нивните односи. Тој, сепак, додаде дека зад куќата е пронајдено оружје
Шефот на пожарникарската служба Џереми Мур изјави дека нема индикации дека пожарот е причина за трагедијата.
-Екипите пронајдоа двајца мртви возрасни лица пред куќата со повреди кои се чини дека се од криминална природа, а деца беа пронајдени мртви во друг дел од куќата, изјави Мур.
Во куќата живеело осумчлено семејство, двајца возрасни и шест деца, но нивните тела се уште не се идентификувани.