Трагедија во Хрватска, двојно убиство со калашников во Плоче

by Fokus

Во Плоче, Хрватска, убиени се две лица, од кои едно наводно малолетно, а убиецот е уапсен, пренесуваат медиумите од оваа земја.

Според информациите, утрово околу осум часот во Плоче, се слушнало пукање, убиени се две лица, а полицијата ги блокирала влезовите во градот. Се пренесува дека убиени се маж и малолетник на различни локации.

Локални медиуми јавуваат дека мажот пукал со калашников, на одлагалиште за отпад, пред станица за технички преглед.

Поврзани новости