933
Селекторот на португалската репрезентација, Фернандо Сантош после синоќешната победа со резултат од 3:1 над Турција истакна дека уште потежок меч ги чека против Македонија на 29-ти во вторник во рамките од квалификаците за Мундијалот во Катар.
„Првиот меч го победивме, сега мора да победиме и на следниот, а тој ќе биде многу комплициран. Финалињата секогаш се непредвидливи. Со Македонија ќе биде уште потешко и покомпликувано“, рече Сантош.