Тажната вест за германскиот фудбал. Во страшна сообраќајна несреќа, која се случи во близина на Карлсруе, денеска загинаа четворица членови на локалниот нисколигаш Алеманија Еггенштајн, јавуваат германските медиуми.
Меѓу загинатите има двајца фудбалери, физиотерапевт и поранешен фудбалер, сите на возраст меѓу 25 и 29 години.
„Alemannia 05 Eggenstein е длабоко тажен поради загубата на своите активни фудбалери Дени Цимерер и Тим Палушко, физиотерапевтот Леони Буркарт и поранешниот фудбалер Филип Домер. Сите четворица не напуштија прерано во трагична несреќа. Многу ќе ни недостигаат! Изразуваме длабоко сочувство до родителите, семејствата и пријателите во овие тешки моменти“ – објави германскиот клуб на својата официјална веб-страница.
Наводно, 25-годишниот возач изгубил контрола над возилото, се судрил со такси возило и излетал од патот.