490
Натпреварот од 26-то коло во Бундеслигата меѓу Шалке и Баер Леверкузен (0:3) падна во втор план поради трагедија што се случи на трибините бидејќи почина навивач.
Навивачите приметија дека на еден навивач му се слоши и го прекинаа навивањето, ги спуштија знамињата и ги повикаа лекарските екипи да интервенираат, но обидите за реанимација беа неуспешни и не успеаја да му го спасат животот на навивачот.
Неколку минути по завршување на натпреварот, прес-службата на Шалке потврди дека навивачот починал.
„Ова за жал покажува дека фудбалот не е сè, по оваа вест, тој падна во втор план“, изјави тренерот на Шалке по натпреварот.
Фото: Спортманија