67
На 25.01.2024 во 18.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на бул.„1 Мај“, товарно моторно возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(37), удрило во малолетник, двајцата од Битола.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.