Тошта вратен во затворот во Шутка со брза помош

by fokus 20:33
20:33

Александар Јаневски-Тошта со возило на брза помош се врати во затворот во Шутка, објави телевизија 24.

Тошта, откако му се слоши на денешното рочиште, беше однесен во болницата „8-ми Септември“ каде што заврши на реанимација, откако неколкупати ја губел свеста.
Тој заедно со уште седуммина е обвинет за убиство во обид на пратеникот Зијадин Села и за него нема преквалификација на делото.

- Advertisements -

Тој откако денеска слушна дека останува обвинет за убиство во обид, на судот му порача дека му местат убиство.

Поврзани новости