Тошта ги раздвојуваше луѓето околу Села и помогна да се изнесе од Собранието, сведочеше екс пратеникот Стојкоски

by fokus

Новинарот Горан Трпеноски, како втор сведок на обвинителството во предметот за обид за убиство врз Зијадин Села, на денешното судење рече дека критичниот ден известувал од пленарната седница во Собранието, по што се упатил во прес-центарот каде требало да се оддржи прес-конференција по изборот на Талат Џафери за претседател на Парламентот. Трпенски рече дека се сеќава оти Села бил удрен со метален предмет (шипка) по што се наведнал и потоа Села веќе не му бил во фокусот.

– Одев низ салата да сликам и известувам. Пратениците беа крвави, а врз нив се фрлаа фотелји, шпипки и сталаци, рече Трпеноски, и посочи дека од присутните обвинети во судницата го препознал само Александар Јаневски-Тошта, кој, како што рече, стоел во живиот ѕид пред пратениците и бранел.

Трпенски кажа и дека не видел и не слушнал како Села е извлечен од групата пратеници од прес центарот.

Претходно, исказ даде Александар Стојкоски, поранешен пратеник, а сега доктор на Клиниката за радиологија во Скопје, кој е сведок на Обвинителството.

Тој кажа дека на критичниот ден бил во клубот на пратеници во Собранието. Кога излегол од клубот на пратеници го видел Зијадин Села како лежи на земја пред скалите, а околу него имало група луѓе кои се движеле како стампедо. Во првиот момент сведокот рече дека бил шокиран и се повлекол, но кога го видел Ацо Јаневски – Тошта како ги раздвојува луѓето околу Села, а тоа го охрабрило и тој да пристапи и да помогне во раздвојувањето. Села бил во бесознание без движења. Стојкоски рече дека се сеќава оти го тргнал и се обидел да го смири обвинетиот Кире Ѓорѓиевски. Рече дека не може да каже дека Кире го напаѓал Села, затоа што не видел директен напад. Сведокот кажа и дека дека не видел никој од обвинетите дека врши директен напад врз Села.

Стојкоски додаде дека помогнал Села да биде внесен во клубот на пратениците каде во моментот било најбезбедно. Таму му пружил прва помош, а потоа со обвинетиот Ацо Јаневски Тошта и други лица вработени во Собранието го однеле прво до бифето, а потоа и надвор од собраниската заграда.

Поврзани новости