Коѕијас: ПЈРМ во јуни нема да влезе во НАТО, нема доволно време

by fokus 13:48
13:48

Убедување дека на следниот НАТО самит, Македонија нема да стане членка на следниот НАТО самит, бидејќи е краток временскиот рок, изрази шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервју за грчкото радио 247.

Очигледно е дека ПЈРМ, во јуни нема да влезе во НАТО, рече Никос Коѕијас и го објасни овој негов став дека договорот треба да се ратификува на различни начини, а веќе е април.

– Тие сакаат да распишат референдум. За референдум во земјата пријател на север, потребни се два месеци. Само за референдумот ќе дојде јуни. А откако ќе се заврши со референдумот, договорот ќе треба да оди во Собранието, а и за тоа треба половина месец или еден месец. Откако ќе стигне во Собранието, ќе треба тоа направи уставни измени. За да имаме договор ќе треба да се согласиме за уставни промени. Што значи ќе стигне есен, објасни шефот на грчката дипломатија, но додаде дека во НАТО одлуките може да ги донесат дури и постојаните претставници.

 

Поврзани новости