86
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во поткастот на Плусинфо открива детали за одговорноста за катастрофалното менаџирање на операцијата на замена на старите лични документи со нови.
Одделот за внатрешна контрола на МВР констатирала пропусти на двајца помошници во Министерството за внатрешни работи во врска со лошото планирање и катастрофално менаџирање на процесот на набавка и издавање лични документи.
За еден од помошниците, како што вели Тошковски, ќе биде поведена дисциплинска постапка, додека за другиот истекол рокот од 12 месеци да се стори тоа.
Тошковски рече дека Извештајот од внатрешна конторла е доставен до Јавното обвинителство на натамошно постапување согласно со законот.