Северина го распамети Скопје, пишуваат хрватските медиуми за нејзиниот концерт

by Fokus

Ова беше најдобриот концерт воопшто, Северина го распамети Скопје, се само дел од насловите во хрватските медиуми, по концертот кој пејачката го одржа во преполната Арена Борис Трајковски во саботата.
Настанот е дел од нејзината турнеја, која продолжува со концерт во Задар, а пејачката не крие дека била трогната од атмосферата во Скопје.

За Јутарњи.хр таа истакна дека и била пружена несебична љубов од страна на публиката.

-Ова ми беше трет настап во Арена Борис Трајковски и не очекував ваков концерт! Овојпат немав танчерки, но не ми ни требаа, јас одработив се наместо нив. Немавме ниту голема видео продукција, но она кое ми е посебно важно е одличниот бенд, одлични музичари, ги имаше многу на сцената и дадоа се од себе оваа вечер да биде запамтена, да се биде врежана во срцата на публиката, но и во нашите срца.

Ние бевме затекнати и благословени што гледавме како нови генерации ги пеат нашите песни, но тука беа и оние луѓе кои веќе доаѓаа и на другите концерти во Македонија.

Му се заблагодарувам на Скопје, се заблагодарувам за несебичната љубов која ми ја пружи публиката на секоја песна, и морам да кажам дека ова беше еден од најдобрите концерти!

Не мислам само на Македонија, туку еден од најдобрите концерти воопшто одржан!- порача Северина.

И на својата официјална страница таа пишуваше за впечатоците од Скопје. Пред концертот, не ни знаев каква магија ме очекува, објави пејачката.

Вики Клинчарова

Поврзани новости