„Македонија ќе отвори две дополнителни ленти за излез на граничниот премин `Богородица` и уште една за влез на товарен сообраќај“.
Ова го потврди денеска македонскиот министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференцијата со литванскиот колега.
Тошковски рече дека за во иднина се планира товарниот сообраќај да се пренасочи преку посебен граничен премин, како што тоа во моментов тоа го прави Грција.
Во летната туристичка сезона граничниот премин Богородица интензивно се користи од македонските, но и од сите туристи од регионот кои патуваат во Грција поради што се случува за излез од земјава да се чека и со часови.
Грчкиот премиер Мицотакис најави дека Грција ќе почне со целосно реновирање на граничниот премин „Евзони“ за да овозможи побрз проток на патници и стока.