Тоше Проески денеска ќе наполнеше 36 години

by fokus

Да не се случеше трагичната сообраќајна несреќа, македонската и балканска музичка ѕвезда, Тоше Проески денеска ќе наполнеше 36 години. Во чест на неговиот роденден, денеска ќе се одржат крводарителска акција, изложба на фотографии на Тоше и промоција на негова нова песна во Спомен-куќата во Крушево.

Манифестациите ги организира Фондацијата „Тоше Проески“ во соработка со Спомен куќата – музеј на Гумење во Крушево.

Во текот на целиот ден во Спомен-куќата ќе се спроведе крводарителска акција. Напладне ќе биде отворена изложбата на петнаесетина досега необјавени фотографии на Тоше, а ќе биде промовирана и инструменталната верзија на песната на Тоше „Никада“.

Поврзани новости