Ја полиле со бензин и ја запалиле гаражата на новинарот Зоран Милошески

by fokus

Синоќа околу 23 часот, непознати сторители ја полиле со бензин и ја запалиле гаражата на новинарот и сопственик на порталот ПУБЛИКУМ, Зоран Милошески.

Пожарот го забележал Ивица Ангелески, станар на соседната зграда, чиј автомобил бил паркиран непосредно пред гаражата на Милошески. Според сведочењето на Ангелески, вниманието му го привлекле огромниот пламен кој се издигнал во висина од неколку метри и светлината која произлегла од него. Тој веднаш се симнал од станот, се јавил во Полициската станица (ПС) од општа надлежност – Прилеп и со снег го гаснел огнот кој започнал од вратата на гаражата во која се наоѓал автомобилот марка „Сузуки свифт“, сопственост на новинарот Милошески,.

Откако го изгаснал пожарот, Ангелески отишол кај Милошески и го известил за немилиот настан. Петнаесетина минути подоцна пристигнала екипа на ПС Прилеп, која заедно со инспектори од крим техника извршила увид на местото на настанот.

Новинарот Милошески, кој истовремено е долгогодишен дописник на неделникот „ФОКУС“ и соработник на порталот „Слободна Македонија“, важи за жесток критичар на актуелната власт.

Поврзани новости