490
Адвокатот Александар Тортевски вели дека и македонското правосудство има надлежност за случајот во Мелбурн денеска каде група иселеници им се закануваа и навредуваа Македонци кои излегле да гласаат на референдумот. Според Тортевски Основното јавно обвинителство може да отвори постапка за попречувањето на правото на глас, а на силеџиите да им се суди во отсуство.
„За настаните пред нашите амбасади денеска надлежно е и нашето ОЈО. Последиците делуваат во РМ. Сите силеџии може да бидат осудени во отсуство и да биде пуштена меѓународна црвена потерница. Ќе бидат уапсени на било кој аеродром на цел свет и испорачани на РМ“, вели Тортевски.